На 13.10.2012 во свечена атмосфера во хотелот Холидеј Ин во Скопје во присуство на голем број професори, претставници на организации и останати гости, се доделија дипломите на втората генерација на дипломанти на БАС на прв и втор циклус на студии.
Во оваа пригода беа доделени бладодарници на три партнерски организации Еуроимпекс ДОО – Скопје, Цермат - Битола, Кодинг - Горска вода - Скопје, кои во текот на изминатата година дадоа најголем придонес во поддршка на хуманитарните акции спроведени од Бизнис Академијата Смилевски во Скопје, Битола и во Струмица, притоа подигајќи ја општествената одговорност кај младите генерации.