Лозано, нов члан на семејството Peugeot 27.09.2010


Лозано, нов члан на семејството Peugeot Кај импортерот, спонтано се родила идејата за проширување на Peugeot семејството и од овој ден тоа брои еден член повеќе... Новиот член е талентиран, амбициозен, многу шармантен, млад дечко кој ветува-исполнува и цврсто чекори нанапред. Од денес, и Влатко Лозаноски – Лозано е официјално заштитно лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot.

Генералниот директор на компанијата, г-динот Кирил/Даниел Воиновски ги предаде клучевите на Лозано од возилото Peugeot 308 со Premium ниво на опременост, одличен бензински мотор и трендовска бела боја.

Видно возбуден и среќен, Лозано изјави: “Многу ми е драго и горд сум што од денес станувам заштитно лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot. Сигурен сум дека новото Peugeot 308 ќе ми ги разубави секојдневните патувања, приватни и професионални, а чувството да се вози автомобил на бренд со традиција и сигурна вредност ќе биде прекрасно искуство за мене.”

Lozano 1 Lozano 2 Lozano 3 Lozano 4 Lozano 5 Lozano 6