Обука за технички советници 6-ти собир 01.10.2011


 Обука На ден 01.10.2011 година во Битола, беше одржана 6-тата по ред обука за технички советници.
На истата присуствуваа стручните лица од сервисниот центар на целата дилерска мрежа на Пежо (Peugeot) во Р.Македонија.


Обуката беше водена од неколку одговорни лица на Еуроимпекс:
- Александар Арнаудовски – раководилтел на лимарско-фарбарскиот центар, кој зборуваше за базични постапки и алатки во каросерија од секторот лимарија.
- Васил Стамболиски – директор на секторот за сервис и претставник на раководството за квалитет заедно со Иван Антовски – одговорен за гаранции, зборуваа за гаранциското работење, гаранциските контроли во целата мрежа и за сервисните тековни кампањи.
- Душан Пјевац - технички советник, ги опфати темите за најновите INFOFLASH опции како и изготвување на CIS и CRI.
- Ивана Манчева – маркетинг директор, која ги спроведе мотивационите тим билдинг програми што е од голема важност за успешното работење на една компанија, тимско работење и развивање на свеста за одговорност меѓу вработените.

Еуроимпекс како компанија постојано вложува во својот кадар, преку организирање на ваков и друг тип на обуки како за сервисниот, така и за продажниот кадар во рамките на цела Пежо (Peugeot) мрежа во Македонија.
Истите се позитивно прифатени и од стручните лица - вработени во нашата дилерска мрежа кои секогаш ги посетуваат обуките со цел надоградување на веќе претходното знаење и дополнување на практичниот дел.

Обука 1 Обука 2 Обука 3 Обука 4 Обука 5 Обука 6 Обука 7 Обука 9 Обука 10 Обука 11 Обука 12 Обука 13 Обука 14 Обука 15 Обука 16  Обука 17