Под изразено плава светлина во аглите и во речиси темна атмосфера, беше прикажан кус филм за брендот Peugeot и за моделот 508. Во тоа видео „добредојде“ ни посака г-динот Винсет Рамбауд (Vincent Rambaud) Генералниот менаџер на Peugeot, а покрај него свое излагање имаа и г-динот Гилс Видал (Gilles Vidal) Директор за дизајн за Peugeot автомобилите како и
г-динот Хавиер Пежо (Xavier Peugeot) Директор за маркетинг и комуникации за Peugeot брендот на светско ниво.
Позитивната тензија беше дополнително зголемена со обраќањето на Генералните директори на Еуроимпекс, господата Кирил и Даниел Воиновски, а свое обраќање имаше и гостинот од Automobiles Peugeot г-динот Оливие Лаурер (Olivier Laurer).
Г-динот Кирил Воиновски нé потсети дека минатата година, Еуроимпекс прослави 20 години од своето основање, а брендот Peugeot 200 години од своето постоење. Потоа, г-дин Лаурер посочи: „Нашите производи имаат сé што е потребно за да го направат Peugeot победник!“, а на ова г-динот Даниел Воиновски додаде: „... Во наредниот период ќе се фокусираме на следниве три зборови: експертиза, емоции и стил. Ова е вистинско време бидејќи сме сигурни дека се наоѓаме на правиот пат кон иднината....“
Сите шест возила Peugeot 508 блеснаа со својот сјај, а бран на воодушевена реакција ја исполни салата.