Од 16.10.2012 до 20.10.2012 во Скопје се одржа 38-миот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.
Нашата компанија пред пошироката публика ги промовираше производите од познатите светски брендови Бахко (BAHCO) - рачен и машински алат, Милвоки (Milwaukee) – електрични и акумулаторски алати и прибор, АЕГ (AEG) – електрични алати, Иримо (IRIMO) – рачен алат и опрема за автосервиси, и Банер (BANER) – акумулатори.
Посетителите, на самит штанд, имаа можност да се запознаат со сите нови производи од наведените брендови, да погледаат одбрани видео презентации и да добијат соодветни печатени материјали како каталози и флаери.