Саемско претставување Скопје, 22.10.2013


Saemsko pretstavuvanje Од 15.10.2013 до 19.10.2013 во Скопје се одржа 39-тиот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.

Нашата компанија пред посетителите на саемот ги промовираше производите од познатите светски брендови Бахко (BAHCO) - рачен и машински алат, Милвоки (Milwaukee) – електрични и акумулаторски алати и прибор, АЕГ (AEG) – електрични алати, Иримо (IRIMO) – рачен алат и опрема за автосервиси, Банер (BANER) – акумулатори како и Тотал (TOTAL) - масла.

Големиот број на посетители се запознаа со сите нови производи од наведените брендови, ги добија потребните информации за нивното користење, начинот на употреба и цената. На истите им беше дадена можноста да погледнат видео презентации за производите и да добијат соодветни печатени материјали како каталози и флаери.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7