На 10ти Ноември 2011 година во просториите на Еуроимпекс беше одржана техничка обука од страна на најдобрите дистрибутери по повод 15 години од постоењето на Тотал во Македонија.
Истата беше посетена од 30 партнери кои се дел од брендот Тотал веќе 15 години како: Висто, Дац, Сервис Пежо Танески, Аутофилтер, Еуробелт, Пупо, Енергометал, Јолекс, Еуротехника, Сити Кар, и други.
За време на оваа обука беа опфатени повеќе теми меѓу кои и успешното работење на Тотал во Македонија, општи познавања за моторните масла и нивните технички карактеристики, а посебен акцент беше ставен на новата генерација на масла QUARTS INEO кои се користат за возила со PD (diesel particulate) филтри.
Тотал е водечка мултинационална компанија со седиште во Париз, со повеќе од 96.387 вработени во повеќе од 130 земји ширум светот. Заедно со своите филијали и подружници Тотал е 5-та по големина јавно-тргувана, интегрирана и интернационална компанија за нафта и гас во светот, а втора во Европа.
Директорот на секторот за продажба на маслата Тотал, Г-динот Зоран Мирковски, изјави: “Соработаката на Еуроимпекс и ТОТАЛ датира од 1996 год. Во текот на овие 15 години со нашата работа, успеавме моторното масло ТОТАЛ да го претвориме во синоним за квалитет, достапен до секој потрошувач. На сите потрошувачи на моторните масла ТОТАЛ им се заблагодаруваме за укажаната доверба.”