Еуроимпекс официјално стана генерален застапник за CSS Professional Tuning, со лиценцирани софтвери на Alientech од Италија, преку официјалниот застапник CSS Performance Tuning од Словенија.
„Тјунирањето возила кај нас е надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила од страна на стручен тим.
Покрај тјунингот ние ви нудиме дијагностика и сервисирање на Вашето возило, како и поправка на моторни компјутерски единици, компјутери за AIRBAG и други системи на автоелектрониката, која може да се најде во современите возила. Дијагностиката ја вршиме со различни дијагностички уреди, соодветни од за секој тип на возило.“ – изјави Васил Стамболиски, директор на сервис и постпродажба.
„Возењето на Вашето возило ќе биде по флексибилно и по енергично, а воедно и поекономично. Сето ова се должи на зголемување на вртежниот момент.
За возило со турбо полнач на моторот, вртежниот момент се зголемува од 20% до 40%, додека за одредени модели и повеќе. Потрошувачката на гориво при нормално возење се намалува до 0,5 литри/ 100 км. Ако не сте задоволни со тјунингот, возилото ќе го вратиме во првобитната состојба.“ – изјави Зоран Темелковски, технички советник.
Повеќе информации на:
FB/profesionalen.tjuning.