На 11.10.2014 година, Еуроимпекс, зема учество на 35-тото интернационално рели со теренски возила, кое се одржа во Струмица на патеката одзади хотелот Сириус во 4 класи:
- Теренски возила,
- Женски тимови,
- Теренски возила-олд тајмери,
- Автомобили.
На патеката пред преку 1000 љубители на автомобили од Струмица, Еуроимпекс ДОО како подржувач на вакви и слични манифестации имаше запазен успех со освојувањето на 2 (две) награди во 2 класи. Класа олдтајмери на Драги Петрушевски како возач на JEEP KAJSER од 1968 и Ивана Манчева како возач на Peugeot 3008 во категорија жени.
Релито помина во најдобар ред со прекрасна дружба меѓу натпреварувачите.