Тимот на Еуроимпекс ја изложи програмата на Професионален Тјунинг во саботата на 07.06.2015 година, на вториот Car Show настан во Гевгелија. Од страна на Еуроимпекс беше изложено тјунирано возило Peugeot 308 (пред тјунирање - 92 КС / после тјунирање - 124 КС).
На истото возило беше извршена промена на издувен систем Ragazzon + променети пружини Vogtland со кои е намалена висината за 30 mm.
Посетителите имаа можност да се информираат за перформансите на возилото и нашите два нови бренда кои од неодамна ги застапуваме: Vogtland суспензија и Ragazzon издувни системи.
Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 категории и тоа: OLDTIMERS, YOUNGTIMERS, ТЈУНИРАНИ ВОЗИЛА, ПРОВЕРКА НА ЗВУЧНИОТ КВАЛИТЕТ, ЛУКСУЗНИ ВОЗИЛА + СИТЕ ВОЗИЛА.