Од 25.03.2015 до 29.03.2015 година во Скопје се одржа 41от Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел.
Нашата компанија пред посетителите на саемот ги промовираше производите од познатите светски брендови Бахко (BAHCO) - рачен и машински алат, Милвоки (Milwaukee) – електрични и акумулаторски алати и прибор, како и АЕГ (AEG) – електрични алати.
Посетителите како и секогаш имаа можност одблиску да се запознаат со производите и услугите кои ги нуди Еуроимпекс.