Долгогодишната соработка помеѓу Еуроимпекс и Авто Сообраќајното Училиште АСУЦ Боро Петрушевски, продолжува и понатаму.
Овој пат се работи за проектот потпомогнат од Министерствоото за Образование и Наука со кој на наставниците по практична настава треба да им се дадат обуки за новите технологии и технички достигнувања кај возилата, како би се стекнале со употребливи знаења кои понатаму треба да ги пренесат на учениците за време на реализацијата на практичната настава во училиштето.
Тимот на експерти од Еуроимпекс од областа на: Механика, Електрика, Електроника, Дијагностика, Лимарофарбарија, Организација и Комерцијално работење во сервис за возила, во период од 2 месеци, ќе им ги пренесе знаењата на наставниците по практична настава кои ќе им овозможат осовременување на практичата настава со најновите технолошки достигнувања во автомобилската индустрија.
Еуроимпекс секогаш стои на располагање за учениците кои имаат потреба од пракса, како и одржување на соработките кои се од големо значење за двете заинтересирани страни.