Еуроимпекс учесник во 37-мо меѓународно рели со теренски возила и автомобили
Во спомен за Димитрије Пеливанов великанот на македонскиот авто-спорт и голем пријател на Еуроимпекс.
Скопје, 13.10.2016


Еуроимпекс учесник во 37-мо меѓународно рели со теренски возила и автомобили  На 8.10.2016 година, Еуроимпекс, зема учество на 37-тото меѓународно рели крос со теренски возила и автомобили кое се одржа во Струмица во 4 класи:

          - Теренски возила,
          - Теренски возила и SUV (исклучиво женски посади),
          - Олд тајмери,
          - Автомобили.

На патеката пред преку 2000 љубители на автомобили од Македонија, Бугарија и Србија, Еуроимпекс ДОО како подржувач на вакви и слични манифестации имаше запазен успех со освојувањето на 2 (две) награди во 2 класи.

Класа олдтајмери на Драги Петрушевски како возач на JEEP KAJSER од 1968 и Весна Трајковска како возач на Peugeot 2008 во категорија жени.

Иствремено, согласно настанот, Еуроимпекс беше изложен и со својата гама на гуми Toyo Tires, на кои ретко кој посетител остана рамнодушен. Меѓу изложените модели беа моделите: теренските Open Country, M/T, A/T+, HT, зимските Snow Prox S953 и S954.

Релито помина во најдобар ред со прекрасна дружба меѓу натпреварувачите и постојаниот спомен за Димитрије Пеливанов великанот на македонскиот авто-спорт и голем пријател на Еуроимпекс.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8