Од 18.10.2016 до 22.10.2016 во Скопје се одржа 42-иот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.
Нашата компанија Еуроимпекс беше една од изложувачите на саемот. И оваа година дел од своите брендови изложуваше во Хала 3.
Посетителите имаа можност од блиску да се запознаат со маслата Valvoline за кои Еуроимпекс минатата година стана Генерален Увозник за Македонија.
- Valvoline е по потекло американски бренд и оваа година обележа 150 години постоење. Брендот е основан 1866 година и денес е присутен во 160 земји во светот. Пласманот на брендот за Европскиот пазар се одвива преку Ротердам од каде доаѓа директно на македонскиот пазар.
4 различни брендови на алати (Millwaukee,Bahco,AEG и Irimo)
- Milwaukee е водечки индустриски производител на рачен електричен и акумулаторски алат и прибор, наменет за тешки услови на работа за професионални корисници ширум светот. На саемот овој бренд имаше интересни понуди кои беа изложени во посебен каталог со промотивни цени.
- Bahco е пионер во eргонoмија на рачниот алат и првиот научен пристап во конструкција на истиот.
- AEG Powertools е препознатлив бренд со долга традиција и добро прифатен на македонскиот пазар од страна на потрошувачите. Како и алатите од брендот Milwaukee така и за овој бренд беа составени промотивни цени во соодветен каталог кои беа примамливи за клиентите.
- Irimo е синоним за доверлив квалитет, функционалност и сигурност во рачен алат веќе 80 години. Irimo алатите професионалците ги избираат, бидејќи им веруваат!
Со користење на истите, потрошувачите добиваат сигурен квалитет, постојаност, достапност, функционалност и сигурност за употреба во металната, автомобилската и градежната индустрија.
Јапонскиот бренд на гуми со високи перформанси Toyo Tires, за кои Еуроимпекс е Генерален увозник за Македонија.
- Toyo Tires е еквивалент на јапонската технологија и е бренд со реноме и врвен квалитет. Toyo Tires се претставија со изложување и на новата зимска колекција, уредно поставена во соодветен каталог, од кои интересентите можеа да ги добијат сите потребни податоци. Како и да ги погледнат изложените примероци на изложбениот штанд.
Големиот број на посетители се запознаа со сите нови производи од наведените брендови, ги добија потребните информации за нивното користење, начинот на употреба и цената. На истите им беше дадена можноста за производите да добијат соодветни печатени материјали како каталози и флаери.
Сите што немаа можност да нé посетат на Саемот Технома, Ве очекуваме во продажниот центар на Еуроимпекс.