На 8.5.2017 год. се одржа презентација во просториите на ЕУРОИМПЕКС од страна на фирмата Свиснес-Кар Виница која од март 2016 год. е генерален увозник на реномираниот Швајцарски бренд за автомобилска козметика RIWAX.
Производите на RIWAX беа презентирани од г-динот Marco Gorisek, интернационален менаџер на RIWAX кој е за втор пат во Македонија, со цел да даде поддршка на фирмите и стручните лица кои ги користат производите, за да можат да го искористат квалитетот на истите максимално, што ќе доведе до задоволни и среќни сопственици на возила.
На оваа работилница учествуваа 14 мајстори од различни фирми од Скопје, Гевгелија, Прилеп и вработените од лимаро-фарбарскиот дел на ЕУРОИМПЕКС. Особена чест ни претставува што присутните внимателно и критично, со многу прашања, го конфронтираа г-динот Marco Gorisek и за возврат им беше одговорено на поставените прашања.
Концептот на презентацијата се состоеше од два дела, така што во првиот дел приоритетно беа презентирани производите за професионално полирање и заштита на лакираните површини со помош на PX и RX линиите од RIWAX бидејќи правилното користење на сите производи е основа на таа работа. Учесниците добија професионални инструкции за правилна употреба и начин на работа со производите на RIWAX.
Во вториот дел, беа презентирани производите за хемиско чистење за нега на кожа, еко-кожа и текстилни површини. Учесниците на презентацијата добија можности и самите да работат со производите за да го увидат квалитетот, да поставуваат прашања доколку имаа нешто нејасно околу производите и начинот на работа со нив и докажаа дека се спремни и сами да работат со истите, како и тоа дека покажаа голема заинтересираност да ги видат новитетите што ги нудат производите и техниките на работењето.
За успешноста и квалитетот на презентацијата од страна на RIWAX Швајцарија, на присутните вработени во Еуроимпекс им беше доделен Сертификат.