На ден 6.2.2017, во тест центарот на Еуроимпекс, автомобилските новинари имаа можност да се запознаат одблиску со Новиот SUV Peugeot 3008.
Еуроимпекс со огромно задоволство го претстави Новиот SUV како нов член на фамилијата Peugeot кој го носи слоганот „Далеку пред сите“ на што истите едногласно потврдија дека слоганот сосема му прилега.
Почнувајќи од надворешниот дизајн, ентериерот, моторите, технолошките достигнувања, овој SUV гордо ги освои срцата на сите присутни.
За време на возењето секој од лицата учесници имаше можност во одредени стоп точки да ја промени својата позиција во возилото со цел да ги почувствува перформансите на моделот од повеќе аспекти, во улога на возач, совозач или пак патник на задната клупа, каде подот е целосно рамен, па дури и да се наоѓа во средишна позиција, патникот има целосно чувство на комфор.
Возилата со кои управуваа нашите автомобилски експерти беа со следниве мотори и опрема:
• 3008 Active 1.2 Pure Tech 130 КС
• 3008 Allure 1.6 THP 165 КС AT
• 3008 Allure 1.6 Blue HDi 120 КС
• 3008 Allure 2.0 Blue HDi 150 КС
• 3008 Allure 1.6 Blue HDi 120 КС AT
Како еден од поинтересните мотори кој беше тема на дискусија беше 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 130 коњски сили. Овој мотор е прогласен за „Мотор на Годината“ две години по ред (2015,2016). Истиот мотор беше споменуван и кај 2008 SUV.
Посебен адреналин предизвика возилото 3008 Allure 2.0 Blue HDi 150 KС целосно опремено со сите нови технолошки достигнувања, како и безбедносни мерки кои имаа можност на самото возење да ги почувствуваат и тестираат.
Имено за ова возило можеме да зборуваме многу, но еве неколку од елементите со кои е единствено и препознатливо на пазарот:
„Како дел од C-сегментот во SUV класата на возила, овој модел користи нова ЕМP2 платформа. Споредбено со претходниот модел, новиот SUV Peugeot 3008 е подолг за 8 cm, полесен за 100 KG и има подолго меѓуосовинско растојание за 6 cm. Овој модел конкретно е креација за Европскиот пазар, каде што се посветува посебно внимание на помала потрошувачка, заштита на околината со помала емисија на CO2, па токму поради тоа е донесена одлуката за Advanced Grip Control наспроти погон на сите 4 тркала. Сè со цел да се намали тежината на самото возило, а понатаму и сите горенаведени параметри“ – изјави Г-дин Томислав Нафидов, Директор на продажба во Еуроимпекс.