На 18ти мај 2018та година дел од менаџерскиот тим на Еуроимпекс, екипаж од 8 лица, беше дел од Team Building проектот кој вклучуваше патување низ Хрватска (јадранско приморје) на Катамаран 450S Lagoon.
Патувањето овозможено од компанијата, беше поттик и мотивација да се постават и достигнат нови цели за нови победи и нови предизвици, подобри комуникациски вештини помеѓу тимот и унапредување на севкупното работење.
Еуроимпекс низ годините постојано се залага и вложува во своите вработени, преку разноразни обуки, проекти, истражувања, анализи и team building проекти. На овој начин, вработените имаат можност уште повеќе да навлезат во проблематиката на секој еден проект или настан во секјдневното работење и да се справат со можните критични настани на најефективен начин. Мотивацијата и позитивното работење на тимот вработени е од голема важност за компанијата. Само здрава работна околина и задоволен тим можат да придонесат за еластичен пристап кон проблематичните ситуации и за остварување на сериозен успех во работењето.
Одличната организација се должи на ПАМПУР (прва авантуристичка македонска поморска ударна регата) и им благодариме за одлично избраната рута.