На 12.05.2019 година по 5ти пат се одржа традиционалната изложба на автомобили на полигонот на АСУЦ (Авто Сообраќаен Училишен Центар) на град Скопје, а во организација на АМК АСУЦ кој е составен дел на Училиштето.На настанот присуствуваа автомобили од повеќе категории: фабрички возила, олд тајмери, јанг тајмери, тјунирани, специјално доработени, со специјално озвучување и други, а бројот на возила достигна над 200.
Еуроимпекс и оваа година зема учество на настанот помагајќи го истиот со поклони за наградените, а и самиот изложувајќи две возила во категоријата олд тајмери од својата гама.
Се работи за Peugeot 404 од 1970 година и Peugeot 204 од 1972 година, кои со својот квалитет и безвременската убавина ги собраа воздишките на големиот број на посетители кои дојдоа да го проследат настанот.
И овој пат долгогодишната соработка помеѓу Еуроимпекс и училиштето беше успешна, со цел истата да продолжи и понатаму во реализација на нови идни проекти.